Wednesday, March 7, 2012

ВОЛЈА

Волјата како способност на човекот
Волја
   ВОЛЈАТА КАКО СПОСОБНОСТ НА ЧОВЕКОТ
       Волјата е способност на човекот да се концентрира и да ја вложи својата енергија во реализирањето на некоја намера. Оваа свесна човекова активност и насоченост кон остварување на некоја цел се состои:
  • од представа од она што се посакува (мотив),
  • од размисла и од оценување на вредноста на посакувањето, како и на начинот на неговото реализирање...
  • од решение и од насочување за определено дејствување  и
  • од извршување на намерата.   
       Од волјата зависи остварувањето на замислите и на целите, бидејќи таа го насочува дејствувањето, инсистира да се пристапи кон реализирањето, бара да се издржи во активноста и да дојде до зацртаното. Волјата се определува како самостојност, способност за донесување цврсти решенија која ги совладува сите пречки.

Волјата како морален стремеж
Својства на волјата I-дел
Својства на волјата II-дел
Својства на волјата III-дел (болести на волјата)

No comments:

Post a Comment