Tuesday, February 28, 2012

Волја

  СВОЈСТВА НА ВОЛЈАТА III-Дел
                   (Болести на волјата)

    Постојат и болести на волјата, при што станува збор за нерационални  решенија и за недостиг на волева концентрација.
    Фикс-идеја или опсесија е цврста замисла на личноста која нема потпора во реалноста.
     Импулси се нагонски поттикнувања според кои личноста силно и во еден миг решава да направи ова или она.
     Абулија (празна вилја) е немање волја за какво-годе било дејствување, нерешителност, слаба концентрираност, предаденост на случувањата.
      Инает - не е правилно личностите кои тераат  инает да се сфаќаат како личности со силна волја, тие само неразумно решаваат за животните прашања.
     
      Пример: магарињата понекогаш не може да се натераат да мрднат или да дејствуваат. Значи, тие имаат некоја "своја цврста волја". Ако пред едно магаре се стават два сосема еднакви грста сено и тоа се мисли кое да почне да го јаде. Бидејќи се еднакви и еднакво привлечни, не може да се реши кое прво да почне да го јаде. Луѓето често не знаат да донесат решение пред еднаквите мотиви, па се истоштуваат со неопределената волја. Вистинското "магаре" лесно решава, прво го изедува едното, па другото купче сено.

No comments:

Post a Comment

Popular Posts