Колеблива волја има оној кој постојано ги преиспитува своите решенија и не знае дали да остане на нив или да превземе нешто друго.
Лабава волја е знак за недоследноста и за менливоста на решенијата.
Слаба волја е негативно морално својство на личноста која нема моќ да донесе добро решение и нема сила да издржи во правењето добро, односно во спроведувањето на задачите. Тоа е и на оние луѓе кои лесно подлегнуваат на предизвиците и ги менуваат своите морални постапки, односно на оние луѓе кај кои врз решенијата влијаат нагоните, чувствата и сл. Луѓето со слаба волја се недоследни, непринципиелни, површни, несамостојни, неодговорни, подлегнуваат на сугестиите од другите и др.

No comments:
Post a Comment