Friday, February 24, 2012

Етичко образование

                 ЕТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

         Со етиката човекот го сознава Доброто и Злото, научува да го прави она што чини и да го избегнува она што не чини. Целта на етичкото образование е да ги упати младите во суштината и во механизмот  на етичкото одлучување, ширење на етичкиот дух и на етичката сериозност, одговорност и креативност, да помогне младите да се изградат во самосвесни и способни личности за одлучување. Секој треба да биде етички образован, за да може да биде конструктивен член на заедницата, а заедницата да остварува вистински етички цели.
          Задачата на етичкото образование е да создава автономни личности со капацитет за самостојно донесувања етички решенија и креирање правилни и ефективни морални норми.
       Етиката е шанса луѓето да се замислат и да се освестат, да се ангажираат во пронаоѓањето најдобри патишта и норми за успешно запирање на деструкцијата, на која се подложени и Земјата и луѓето.
    

No comments:

Post a Comment