Monday, February 20, 2012

Што е етика?

            Етиката е наука за моралот т.е. за она човечко однесување (мисли и постапки) кое се мери со Доброто и злото. Етиката се занимава со животните вредности на луѓето, со тоа како луѓето избираат добри цели и како се залагаат за остварување на тие цели во живеењето.
           
            Етиката, значи, ги истражува оние човечки намери и дејства кои можат да се мерат како добри или лоши (зли) - добрите се следат и се извршуваат, а злите се критикуваат и се избегнуваат.
           
            Поимот "Етика" го создал античкиот филозоф Аристотел, кога во својот универзитет "Ликеј" предавал за моралните проблеми. Аристотел ги нарекол етички оние добродетели со кои човекот избира да постапува правилно (умереност, храброст, пријателство, штедливост и др.)

      Поимот "Етика" е раширен низ сите светски јазици: на француски L'ethique, на германски die Ethik, на англиски Ethices, на италијански Etica, на турски Etik, на сите словенски јазици Етика итн.
      Етиката е практична филозофија, која го бара одговорот на прашањет: што треба да правиме?... Етиката ги изучува вредностите на животот, а моралното однесување представува осуштествување на моралните вредности.

      Етиката е повикана теоретски да ги решава практичните проблеми кои се јавуваат во човековиот живот-како треба да се постапува, што треба да се смета за добро, а што за  зло.
             

No comments:

Post a Comment