Tuesday, February 21, 2012

Морал


                                                                                                   Што е Морал?

   
МОРАЛОТ Е ДЕЈСТВУВАЊЕ СПОРЕД    ДОБРОТО И ЗЛОТО
       Морално е човековото однесување кое го следи и почитува Доброто, а се осудува и се избегнува злото! Морално е и она што е за пофалба (неморално е она што се оценува негативно и се отфрла).
    За да биде некоја личност морално и етички оценувана за своите постапки, истата личност мора слободно да решава за своето однесување без никакво надворешно влијание и притисок. Моралот е еден вид на творештво, со кое слободната личност својата вродена етика, талент и ангажираност, се труди да го подобри своето, и живеењето на другите луѓе.
 
           Постојат четири принципи на моралот:
  1.   Филозофски принцип - прави го доброто заради самото добро, од почитување кон моралниот закон.
  2. Религиозен принцип - прави го доброто зашто тоа е Божја воља, од љубов кон Бога.
  3. Човечки принцип - прави го доброто зашто тоа го бара твојата среќа, од љубов кон себе си.
  4. Политички принцип - прави го доброто за што тоа го бара благосостојбата на заедницата, чиј дел си, од почитување кон оштеството со оглед на тебе самиот.

No comments:

Post a Comment