 |
| Волја |
ВОЛЈАТА КАКО СПОСОБНОСТ НА ЧОВЕКОТ
Волјата е способност на човекот да се концентрира и да ја вложи својата енергија во реализирањето на некоја намера. Оваа свесна човекова активност и насоченост кон остварување на некоја цел се состои:
- од представа од она што се посакува (мотив),
- од размисла и од оценување на вредноста на посакувањето, како и на начинот на неговото реализирање,
- од решение и од насочување за определено дејствување и
- од извршување на намерата.
Од волјата зависи остварувањето на замислите и на целите, бидејќи таа го насочува дејствувањето, инсистира да се пристапи кон реализирањето, бара да се издржи во активноста и да дојде до зацртаното.
Волјата се определува како самостојност, способност за донесување цврсти решенија која ги совладува сите пречки.
No comments:
Post a Comment