Слободата е основна вредност на современото човештво, и секој човек има право да си ја избере насоката на својот живот, како и своите морални вредности. Во моралот се осуштествува слободата на личноста, и само слободна личност може да биде морално одговорна. Моралот содржи различни ориентации, и во него личноста се реализира себе си (својата визија, потреби и цели). Постои долг список на можни определби на луѓето како морални цели и вредности. Еве неколку морални определби:
- Почитување на мерата (мерата е најважна) - античка Грција
- Не прави му го на другиот она што не сакаш тебе да ти го прават! - златно правило во сите епохи
- Заемопомош меѓу луѓето, солидарност - Спенсер
- Љубов - Спиноза
- Сомилост - Шопенхауер....

No comments:
Post a Comment