Monday, March 19, 2012

ИДЕАЛ И ВРЕДНОСТ

                 ИДЕАЛ И ВРЕДНОСТ


         Низ овие четири форми (идела, вредност, норма и постапка) се реализира моралот.
         Идеалот е смислата која личноста ја пронашла или ја прифатила. Тој е крајна цел на постоењето и на дејствувањето она што човекот го води во животот и во постапувањето што како светлина му го означува патот. Идеалот е највише добро, она што е најважно, што е извор на сите други вредности, ги докажува нив и им дава сила.
         Вредноста е она што чини, што го изразува духот на етичката определба на личноста. Вредноста се замисли и цели за кои човекот мисли дека се правилни, дека му се допаѓаат, дека му се потребни и сака да ги следи во животот и во дејноста. Вредноста е човековиот избор на она што смета дека е добро и представува оградување од она што мисли дека е зло.


No comments:

Post a Comment