Monday, March 5, 2012

Намера и дело

          НАМЕРА И ДЕЛО

       Делото како морална 
          постапка  I - ДЕЛ

         Човекот е суштество на мисла, на волја и на дело. Tие три елементи го сочинуваат единството на човековата позиција во светот, а низ нив се изразува и неговиот морал. Човекот разбира и избира, се определува, се насочува и дејствува. 
         Дејствувањето е резиме на суштината на неговата мисла и волја. Ако тој се определува за добро, делото е добро; ако го избрал злото, делото е зло. Постапките покажуваат какви се етичкото мислење и определба на луѓето. Низ постапките се мерат моралните ставови на некого. Личноста се цени според она што го прави и како тоа го прави.
         
         

No comments:

Post a Comment