Monday, March 5, 2012

Намера и дело

                  НАМЕРА И ДЕЛО
        
        НАМЕРАТА КАКО ЕТИЧКИ ЕЛЕМЕНТ

       Секое дејство започнува со намерата. Како внатрешна димензија на моралот и на постапката, намерата на латински јазик се нарекува интенција. Интенцијата представува насоченост и определба на личноста за некое дело. Бидејќи делата се прават со желба да се направи добро (или зло), а нивниот резултат најчесто е нешто добро или зло - намерата е еден од најзначајните елементи на моралот. Во намерата е сосредоточен изборот (секој има слободна волја и право да избира, и кога ништо не избира, пак направил сопствен избор, а тоа е дека ништо не избрал,) што го направила личноста со својата слободна волја. Во неа се согледува квалитетот на општите морални цели на личноста да прави добро а да го избегнува злото, како и квалитетот на етичката определба (замисла и цел).
       Намерата е основа за моралната оценка, бидејќи е важно што одбрал човекот. Намерата ја представува моралната цел на човекот, покажува дали постапката е израз на добри желби, дали пред дејствувањето личноста правилно се определила за доброто наспроти злото.


 

No comments:

Post a Comment