Својствата на волјата се поврзани со способноста, настојчивоста и со издржливоста на човекот да ги реализира своите цели и намери.
Силна волја има онаа личност која ги совладува сите пречки во обликувањето и во релизирањето на намерата. Таа се карактеризира со решителност и со подготвеност да го спроведе своето решение и да ја прими сета одговорност и за изборот и за извршувањето на намерата. Луѓето со силна волја се упорни, доследни, принципиелни, иницијативни, дисциплинирани.
Цврста волја е настојчиво опстанување на решението, неменување на земената насока.
Независна волја ја изразува самостојноста на личноста во своето дејствување.
Истрајна волја е сила на личноста да опстане на решението (наспроти можните сомневања и колебања) и да се биде упорен во спроведувањето на намерата.


