Делото како морална
постапка II - ДЕЛ
Моралната оценка се добива не за она што човекот зборува за себе и за своите погледи за моралот воопшто, туку за етичките вредности на неговото постапување. Делото ги покажува вистинските етички определби на личноста. Затоа во делото на личноста се открива нејзината морална вредност.
Делото значи навлегување на човекот со својата енергија и сили во областа на материјалното и во другите форми на природното и на човечкото постоење. Со дејствувањето тој го гради и го организира животот; со делата го доградува живеењето во различни свери (семејството, општествени групи, заедница, човештво). Со моралните постапки човекот го гради и одржува моралот како особено однесување меѓу луѓето кое се мери според доброто и злото.

No comments:
Post a Comment