Saturday, February 23, 2013

ЕТИЧКИ МИСЛИ

Марко Аврелиј
                                      ЕТИЧКИ МИСЛИ

         Не зборувај за тоа дека би требало да се биде добар човек, туку биди таков.
                                                                  
                                                                     Марко Аврелиј


Жил Ренар


        


          Егоистот тешко прифаќа другите да бидат среќни, дури и ако тоа е корисно за него.
  
                                                                         Жил Ренар                                                              

Friday, February 22, 2013

ЕТИЧКИ МИСЛИ

Свети Августин
                                  
                               ЕТИЧКИ МИСЛИ
   
          Вистината е леб, таа ги засилува, а не ги слабее духовите. Таа го преобразува оној кој со неа се храни.    
                               
                                                                   Свети Августин






Ралф Волд Емерсон




              Единствен начин да имаш пријател е да бидеш пријател.

                                                                              Ралф Волф Емерсон





Чарлс Колтон
    
          Слободата не може да се спушти до луѓето, луѓето мора да се воздигнат до неа. Тоа е благодет која најнапред треба да се заслужи за потоа да се ужива во неа.

                                                      Чарлс Колтон

Wednesday, November 14, 2012

ДОБРОТО КАКО ВРЕДНОСТ НА ЖИВОТОТ


      За човекот добро да го разбере и живее животот, треба најпрво да разбере што е животот и што добро да прави во животот. Моќта на доброто е тоа што дава енергија за градење на позитивните вредности на животот, додека пак од друга страна, силите на злото водат кон уништување најпрво на сопствениот живот, а потоа и на животот на луѓето околу себе. Човекот треба да се труди да биде на страната на доброто, а тоа може да го постигне вложувајќи труд во исполнување на следниве својства: 
1)Добра мисла-тоа значи дека сите негативни и лоши мисли што ќе му навираат во главата на човекот треба да ѓи игнорира и отфрла. Тоа треба да го прави уште на самиот почеток кога тие мисли ќе почнат да му доаѓаат во главата, бидејќи ако не ѓи игнорира навреме лошите мисли, тие ќе продолжат да се множат, а тоа ќе придонесе со тек на времето човекот да стане злобен. Затоа уште на самиот почеток лошите и негативни мисли треба да се спречат (да се има самоконтрола), а кога ќе се спречат, сопствената мисла да се пранасочи кон добри и позитивни размислувања.

Friday, November 9, 2012

ПАЦИФИЗАМ

     ПАЦИФИЗАМ - мирољубивост, став дека во односите меѓу луѓето треба да владее мир, дека мирот е највисока вредност и по секоја цена треба да биде зачуван. Движење против војната и насилството како средство на меѓународните политички односи, односно движење за остварување на постојан мир и соработка меѓу луѓето.
     ПАЦИФИСТ - личност која се застапува за мир, кој е миротворец.

ОБЈЕКТИВНО

     ОБЈЕКТИВНО - реално, точно, вистинито, непристрасност при оценувањето. Својство на човек кој не се раководи од своите интереси при оценката на настаните и на постапките на другите луѓе.  
     ОБЈЕКТИВЕН - оној кој води сметка за реалностите на животот и точно ги оценува настаните, личностите и нивните постапки.

Thursday, November 8, 2012

НАДЕЖ

     НАДЕЖ - очекување на нешто добро, пријатно, радосно, потребно, посветеност на иднината и очекување добро во неа. Животен поттик, многу значајно чувство на животниот оптимизам, една од трите највисоки вредности на христијанската етика (ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ).

Wednesday, November 7, 2012

М

МАТЕРИЈАЛИЗАМ

МЕЛИОРИЗАМ

МЕЛИОРИЗАМ

       МЕЛИОРИЗАМ -оптимистичко учење дека општите светски и животни околности непрестајно се подобруваат и усовршуваат. Етички став според кој светот и животот можеби не се најдобри, но дека можат да бидат подобри, можат да се усовршуваат, и тоа благодарение на активноста, на заложбите и на моралот на луѓето. Етички став според кој луѓето треба да сторат се за да ги подобруваат околностите на животот и моралната активност, како и подобрување на себе си како морална личност преку етичко образование.

ЛАБИЛНОСТ

       
         ЛАБИЛНОСТ - својство на човек со нестабилни чувства, расположби и морал кои нагло се менуваат.
         ЛАБИЛЕН - некој кој не е постојан (слаб, бессилен, минлив, несигурен), кој лесно ги менува расположбата, целите и однесувањето, оној кого може лесно да си влијае на самиот себе.

Tuesday, November 6, 2012

КАРАКТЕР

         КАРАКТЕР - особени својства и траен начин на однесување на личноста. Постојана волја на човекот кој се придржува кон некои принципи, во чие дејствување постои правилност. Својствен начин на  поведение на емоционално активно реагирање на човекот. Карактерот се смета за вродено и за постојано својство, се разликува и се именува според динамиката на реакцијата (мирен, благ, весел, намуртен, силен, слаб, страшлив, жесток, див карактер...) или според етичките својства (добар, благороден, зол, опак, дрзок, воздржан карактер...). Карактер - етичка оценка за решителен човек со цврсти начела врз кого можат да се потпрат другите.
         КАРАКТЕРИСТИКА - белег според кој се распознава некој предмет или човек, опис на нивните изразити и главни својства.

Thursday, November 1, 2012

"ЗЛАТНО ПРАВИЛО"

        "ЗЛАТНО ПРАВИЛО" - класичен етички принцип, искажан во многу епохи и култури, кој ја содржи идејата на моралната реципрочност:
Не прави му ништо на другиот што не сакаш да ти се прави тебе!
Не прави ништо што не сакаш некој да го прави!
Прави го она што сакаш тебе да ти се прави!
Прави го она што сакаш сите да го прават!

ЕВДАЈМОНИЗАМ - ПОСТИГНУВАЊЕ НА СРЕЌА

        ЕВДАЈМОНИЗАМ - едно од најраширените и најзначајните етички учења во историјата, според кое целта и смислата на севкупното човечко дејствување е да се постигне среќа (на човекот, на некоја група луѓе односно на целата заедница). Бидејќи среќата и задоволството се сфаќаат како објективни добра кои можат да се постигнат, задачата на етиката е да ги пронаоѓа, образложува и да ги препорачува начините за остварување на среќата. Оттука и голема задача на моралот е да се зголемуваат среќата и задоволството, што е истовремено и вистинска етичка исправност.

Wednesday, October 31, 2012

ДОЛЖНОСТ

         ДОЛЖНОСТ - морална обврска, внатрешно чувство на обврзаност, задолжение што човекот го има кон луѓето и нештата. Барање (заповед) кое произлегува од внатрешноста на човекот да прави нешто во согласност со етичките вредности, норми и принципи, односно, сопствениот живот и дејствување да ги сообрази со тоа задолжение.
         За Имануел Кант должноста е основна категорија на етиката како нужност на дејство од почит спрема моралниот закон.

ВАРВАР

          ВАРВАР - нецивилизиран, припадник на еден помалку вреден човечки свет и со понизок човечки статус (кој се разликува толку што треба да се смета и за подолен човек). Денес, варвар означува оној кој е прост, кој не ги цени вредностите на човештвото и ги уништува културните и моралните придобивки.
         ВАРВАРСТВО - нецивилизираност, некултурно, уништувачки.

Thursday, October 25, 2012

БИРОКРАТИЈА

         Бирократија - начин на управување и однесување во форма на дирегирање од владејачките институции и управувачкиот слој. Студено и формалистичко однесување во политиката и во животот, при што на подредените личности се гледа од високо, од нив се очекува само извршување на задачите, а не се зема предвид нивната демократска улога.
         Бирократски - со управувачки методи, студено, незаинтересирано за другите луѓе, невклучување на подредените личности во комуникација. Сведување на управувањето и на меѓучовечките односи во општество на студени ("канцелариски") односи.

Wednesday, October 24, 2012

АЛТРУИЗАМ

         АЛТРУИЗАМ - "живеење за друг", чувство на наклонетост, приврзаност, љубов кон другиот човек. Етичко учење според кое највиша вредност, основна цел и прв мотив на човековиот живот и морално дејствување се симпатијата кон луѓето, сочувствувањето со нив и работењето за доброто и среќата на другите (дури без оглед на својата сопствена среќа и живот). Со големо разбирање за состојбите и потребите на другите, со насоченост ним да им се помогне и да им се направи добро.

СМИСЛАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕТИКА II - дел

     Смислата на здравствената етика е превенција, имање свест за негативностите од своето дејствување, насочување на своите решенија и активности кон добри постапки и кон избегнување на лошите, пресретнување на здравствените тешкотии со претходни исправни дејства. Посебни димензии на здравствената етика се ненанесување штета на другиот, избегнување на зависностите, водење сметка за

Tuesday, October 23, 2012

СМИСЛАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕТИКА I - дел

       Етиката на здравјето е еден од најзначајните видови на практичната етика, здравјето е прва задача за индивидуалниот морал на секој човек. Оваа етика не се интересира непосредно за функцијата на телото, неговите делови и за психата на човекот - туку за условите кои зависат од човекот да им обезбеди нивно добро и непречено функционирање.

Monday, October 22, 2012

ЕТИЧКИ МИСЛИ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Артур Шопенхауер

         Најголема од сите лудости е да се жртвува своето здравје, за што и да било: за стекнување имот, за напредување во службата, за ученост, за слава, а да не зборуваме за телесната сласт и за краткотрајните задоволства. На здравјето треба се друго да му се подреди!
                                          Артур Шопенхауер

Здравјето е најголемо богатство!
                                          Народна поговорка


Во здраво тело здрав дух!
                                                                         Латинска поговорка

Здравиот човек има стотици желби, а болниот само една - да биде здрав! 

                                                                                               Народна поговорка






ЕТИКА НА ЗДРАВЈЕТО

ЗДРАВЈЕТО КАКО ВРЕДНОСТ

СМИСЛАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕТИКА  I - дел

СМИСЛАТА НА ЗДРАВСТВЕНАТА ЕТИКА II - дел