ЗДРАВЈЕТО КАКО ВРЕДНОСТ
За луѓето здравјето е мошне важно во животот. Некои здравјето ќе го стават на прво место, некои на некое од првите места во ваквото подредување, но никој нема да го заборави и да не ја спомне неговата вредност. Здравјето е голема вредност, едно од најпосакуваните нешта во животот. Тоа е важен елемент на човековата состојба, услов за неговата кондиција, извор на човековото добро чувство и расположба, основа за добро дејствување.
Доброто здравје значи правилно функционирање на човековото тело, на неговите органи и на неговата психа. Станува збор за баланс меѓу животните состојби и одговорите на предизвиците, за добро дејствување на животните функции и за стабилност и невознемиреност на телесните и на душевните органи и дејства.

No comments:
Post a Comment