Thursday, July 19, 2012

ЕКОЛОШКИ СОЗНАНИЈА

     Еколошките сознанија во последниве неколку децении се наметнаа и стигнаа до врвот на актуелноста на човечкиот мисловен, морален и политички ангажман:

     - екософија - филозофска размисла за смислата на човековата и, воопшто, на природната средина, за елементите на човековата блискост со Природата, за неговата поврзаност со условите на опстанокот и за неопходните надворешни, околни категории на човековата егзистенција.

     - екологија - биолошка наука за животната средина на секое живо суштество, за природните услови на неговата опстојба...

 
   - хумана екологија - наука за човековата средина, за природните услови на живеењето на човекот и за нужниот квалитет на природните услови за непречен, добар и достоинствен човечки живот.

     - етика на околината (енвиронментална етика) - морална наука за разбирањето, внимавањето, чувањето и за подобрувањето на човековата средина и на нејзините елементи.

     - еколошка етика (еко-етика) - морално учење поттикнато од екософските и еколошки сознанија за вредноста на елементите на човековиот живот што него го опкружуваат и му се важни. За условите на живеењето и за нивното благородно чување и унапредување, чија цел е вкупното подобрување на човечкиот опстанок на Земјата.

No comments:

Post a Comment