За
човекот добро да го разбере и живее животот, треба најпрво да разбере што е
животот и што добро да прави во животот. Моќта на доброто е тоа што дава
енергија за градење на позитивните вредности на животот, додека пак од друга
страна, силите на злото водат кон уништување најпрво на сопствениот живот, а
потоа и на животот на луѓето околу себе. Човекот треба да се труди да биде на
страната на доброто, а тоа може да го постигне вложувајќи труд во исполнување
на следниве својства:
1)Добра мисла-тоа
значи дека сите негативни и лоши мисли што ќе му навираат во главата на човекот
треба да ѓи игнорира и отфрла. Тоа треба да го прави уште на самиот почеток
кога тие мисли ќе почнат да му доаѓаат во главата, бидејќи ако не ѓи игнорира
навреме лошите мисли, тие ќе продолжат да се множат, а тоа ќе придонесе со тек
на времето човекот да стане злобен. Затоа уште на самиот почеток лошите и
негативни мисли треба да се спречат (да се има самоконтрола), а кога ќе се
спречат, сопствената мисла да се пранасочи кон добри и позитивни размислувања.
Тоа е едноставно и може да се постигне на пример со сеќавање на некои убави спомени од минатото или пак уште подобро, да се мисли за иднината. Да ја замислиме сопствената иднина, да замислиме каков живот сакаме да имаме, едноставно да и се препуштиме на фантазијата и да си го представиме идеалниот живот кој сакаме да го живееме. Живот кој ќе биде исполнет со љубов, среќа, здравје, почитување и други позитивни вредности. Ако мислиме на убави работи, во реалноста убави нешта ќе ни се случуваат, а ако мислиме на лошо, лошо ќе ни се случува. Со нашиот разум и со нашата мисла, ние самите си ѓи предизвикуваме нештата да ни се случуваат. Тоа се вика Добра мисла, ако мислиме на добро, добро ќе ни се случува.
2)Добар збор - ова е
поврзано со Добрата мисла, односно, ние мислејќи за убави и добри работи,
самата наша добра мисла треба да ја преточиме со збор, да ја искажеме, да ги
изговориме нашите добри намери и да зборуваме за нив. Така зборувајќи за добри
работи, ние самите ќе се чувствуваме убаво, пријатно, исполнето и среќно
бидејќи нема никого да повредиме и да нанесеме болка на некој друг упатувајќи
му погрдни зборови. А сето тоа ќе биде корисно и добро за сите околу нас со
позитивната енергија што ја шириме. Но доколку некој сака да ни попречи и
одврати од нашите добри намери, ние треба само да му се насмевнеме и да му
кажеме дека немаме намера да дискутираме со луѓе кои имаат лоши и искривени
погледи за животот. Луѓе кои не ги познаваат вистинските вредности на животот.
И така треба да заврши дискусијата и разговорот притоа не навлегувајќи во кавга
и расправија. Со таквиот пристап и со таквата поставеност ние ќе бидеме големи
победници, морални победници, притоа чувствувајќи се убаво и важно. Тоа е едноставно и може да се постигне на пример со сеќавање на некои убави спомени од минатото или пак уште подобро, да се мисли за иднината. Да ја замислиме сопствената иднина, да замислиме каков живот сакаме да имаме, едноставно да и се препуштиме на фантазијата и да си го представиме идеалниот живот кој сакаме да го живееме. Живот кој ќе биде исполнет со љубов, среќа, здравје, почитување и други позитивни вредности. Ако мислиме на убави работи, во реалноста убави нешта ќе ни се случуваат, а ако мислиме на лошо, лошо ќе ни се случува. Со нашиот разум и со нашата мисла, ние самите си ѓи предизвикуваме нештата да ни се случуваат. Тоа се вика Добра мисла, ако мислиме на добро, добро ќе ни се случува.
3)Добро дело-односно добра постапка, тоа е поврзано со Добриот збор. Ние она што го зборуваме треба преку дело да го покажуваме, односно тоа што го зборуваме треба и да го правиме. Многу лошо ќе биде ако едно зборуваме а спротивното го правиме, тогаш нема да не почитуваат и никој нема да ни верува. Затоа треба да бидеме доследни тоа што го зборуваме, тоа да го практикуваме и да го правиме. Делата се ценат, тоа што го правиме ќе ни биде ценето и оценувано. Ако правиме добро ќе бидеме оценети како добари луѓе.
4)Добра волја-се постигнува со учење (Добра мисла), со вежбање (Добар збор) а врвот се постугнува со практикување на наученото и вежбаното (Добро дело). За да човекот биде добар, тој мора да има Добра воља. А Добрата воља се учи и постигнува со Добра мисла, Добар збор и Добро дело.
Да бидеме добри за да се чувствуваме убаво.
No comments:
Post a Comment