Saturday, March 30, 2013

ДОБРИ НОРМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ КОН ДРУГИТЕ ЛУЃЕ

                ДОБРИ НОРМИ II - ДЕЛ

ПОМОШ - давање, како најубаво и вистинско човечко однесување. Овозможување полза за некого, олеснување на задачите и на тешкотиите на другите и со тоа цврсто поврзување со луѓето.
ЛОЈАЛНОСТ - посветеност, приврзаност кон другиот/блискиот. Чесност во односите меѓу луѓето, нивно меѓусебно почитување. Љубов и покровителство од постарите кон помладите, пријателство и коректност меѓу еднаквите и врсниците, приврзаност и почитување
од помладите кон постарите.
ИСКРЕНОСТ - доследна вистинитост, отвореност кон другиот, понудување на своите чувства и идеи да се разбере нивната суштина, исто така и дела кои не се скришни.
НЕПОВРЕДУВАЊЕ - чување на другиот, неправење никакви рани (ни телесни ни душевни). Избегнување на штети или на болки кои можат да ги исплашат или да ги понизат другите луѓе.

No comments:

Post a Comment