Friday, March 29, 2013

ДОБРИ НОРМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ КОН ДРУГИТЕ ЛУЃЕ

  
     Нормите и постапките кои се однесуваат на другите луѓе се многу важни бидејќи луѓето живеат со луѓе, секој е постојано придружен од некој човек. Секој мора да води сметка за луѓето со кои доаѓа во контакт, со кои живее и работи, со кои соработува и сл. Човекова обврска е да ги прифаќа луѓето и добро да се однесува кон нив, како кон блиските така и кон секој човек воопшто.  
Основни вакви вредности се:
РАЗБИРАЊЕ - имање усет за другиот, за неговите вредности и постапки. Сфаќање на целите и намерите на другите, проникнување во нив, изградба согласност за нив. Исто така, сопгодување со другиот за некои вредности и норми кои заедно ќе се почитуваат.
ПОЧИТУВАЊЕ - уважување, укажување чест некому, давање соодветно место некому што го заслужува. Истакнување на личната вредност и на позицијата на другото суштество. Учтиво, културно однесување, внимателност кон
другиот човек.
ЕМПАТИЈА - имање чувство за другиот и за неговите маки, (сместување на своите чувства во состојбата и во проблемите на другите луѓе) сочувствување. Убаво разбирање на другиот од наша страна.
ЉУБОВ - силна приврзаност, наклонетост кон некого со чисти емоции. Извор на човечкото разбирање на животот и на другите суштества, па така е извор на етиката (најдобро се објаснува што треба да се прави ако се земат предвид убавото чувство на љубовта и поттиците од неа).


No comments:

Post a Comment

Popular Posts