Главните лични норми се однесуваат на личните вредности и на добрите постапки на секој човек - нив треба да ги поседува секој и да се придржува кон нив за да биде добра и морална личност. Тоа се вредностите, нормите и постапките:
ПРИСТОЈНОСТ - сообразност на своето дејствување со правилата на доброто постапување;
РАЗУМНОСТ - умно однесување, мислење и дејствување во согласност со умот, водење сметка за сите аспекти на животот и за сите страни на секое прашање;
УМЕРЕНОСТ - држење средина, правење рамнотежа во се, умна воздржаност, дејствување без претераности, самоконтрола;
КОРЕКТНОСТ - точно, исправно однесување, постапување според прописите, дејствување токму онака како што се очекува
да дејствува секоја личност. Водење сметка за ставот на другиот , постапување кое нема да повреди друг;
ЧИСТОТА - телесна хигиена, душевна стабилност и морална чесност. Неизвалканост, водење сметка за изгледот, за своите чувства и страсти, за тоа постапките да бидат фини. Имање контрола над себе, над својот лик, своите посакување и над своите дејствувања, нивно насочување кон убавина и добрина;
СТАБИЛНОСТ - мирно однесување, постојаност на намерите и на постапките. Невозбудување пред предизвиците и еднакво однесување секогаш.

No comments:
Post a Comment