Tuesday, May 22, 2012

ЉУБОВ

         ЉУБОВ - чувство на силна приврзаност кон некого, се карактеризира со телесна и духовна врска, наклонетост, големо разбирање, пристрасност. Љубовта е еден од основните принципи на етиката - врз основа на неа човекот разбира, се посветува, се натпреварува да биде подобар, сака да му стори добро на другиот, приврзан е и затоа некористољубив, добронамерен. Врз љубовта се изградени најзначајните човечки дејства - педагогијата, творештвото, семејството. Представува напор да се случи нешто добро, радосно, потребно, таа е животна сила, многу значајно чувство на животниот оптимизам.
         Љубовта е една од трите највисоки вредности на христијанската етика (ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ). Христијанската етика е етика на љубовта.

No comments:

Post a Comment