Tuesday, May 8, 2012

ШТО Е ОПТИМИЗАМ?

         ОПТИМИЗАМ (лат. optimus - најдобар) - разбирање на секое нешто од неговата добра страна; животен став за се што се случува да се гледа од добрата страна; барање на позитивното и во најнегативното; наклонетост од се да се очекува добар крај, надеж во конечен добар резултат, дури и тогаш кога ситуацијата изгледа безизлезна.  
         Оптимизам е учење дека сето што постои во светот и што се случува во животот во суштина е добро и дека во човековиот живот задоволството и среќата преовладуваат над болката и несреќата; учење дека во овој свет има пелативно повеќе добро отколку зло и дека тенденцијата на животот и историјата е да се зголемува прогресот и доброто во однос на злото и назадувањето. Спротивно на оптимизмот е песимизмот.
         Оптимист е човек кој му се радува на животот и има надеж во неговиот напредок.

No comments:

Post a Comment