Monday, May 21, 2012

СОЛИДАРНОСТ

         СОЛИДАРНОСТ - (од латинскиот збор solidaris - заеднички, заемно одговорен) заедничко мислење, еднодушност, етички став за блискоста и заедничко обезбедување на интересите и обврските на луѓето. Свест и практика на заемна одговорност , слога и жртвување на луѓето во заедничкиот живот, имање согласност за заедничко настапување.  Заемно обврзување - една од највисоките социјални вредности во современиот свет и живот (помош за послабите и незгрижените , помош за постраданите - на пример во Скопскиот земјотрес во 1963 година, потоа Скопје беше прогласен за Град на солидарноста). Основниот лозунг на солидарноста е: 
           ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА ЕДЕН!

No comments:

Post a Comment