Friday, June 29, 2012

СЛОБОДА

         СЛОБОДА - правење нешто без принуда, можност на човекот сам да си ги насочува својата волја и дејство. Неограниченост, непринуденост - една од најголемите вредности на човекот како суштество, цел на историскиот развиток и на индивидуалното постоење.
         СЛОБОДА НА ВОЛЈАТА - слободна волја, слободно решение, слобода на избор меѓу повеќе можности, од кои секоја има вредности што меже да бидат посакувани.
         СЛОБОДНА ОДЛУКА - слободно решавање, непринуден избор меѓу повеќе можности, независно од мотивите за тоа.

         СЛОБОДЕН - оној кој нема обврски, не е ограничен, кој е широк во сфаќањата и непринуден во постапувањето.
         Лозунгот на Француската револуција од 1789 година е СЛОБОДА, ЕДНАКВОСТ, БРАТСТВО!

No comments:

Post a Comment