Friday, June 15, 2012

РАЗБИРАЊЕ

       РАЗБИРАЊЕ - дофаќање на значењето и смислата на нешто со умот (а и со целата душа), дознавање нешто, имање усет за нешто. Сфаќање на нечии намери, цели, мисли, чувства, постапки, споделување на чувствата со некого, спогодување со некого. Разбирањето представува воспоставување договор, послушност, сфаќање на она што се бара и што треба да се прави (и извршување на тоа), заемна согласност и спогодба.
         
РАЗБРАН - оној кој е послушен и ги извршува моралните и други налози.
СЕ РАЗБИРА - израз на потврдување дека е разбрана смислата на нешто.

No comments:

Post a Comment