Wednesday, February 29, 2012

Карактер

                                ШТО Е  КАРАКТЕР?

       Поимот "карактер" го означува она што кај една личност е потрајно и специфично, што е својствено за неа како нејзини особености и начин на однесување. Тој поим означува каква е волјата на некоја личност, каква е нејзината насоченост и издржливост во придржувањето кон некои принципи. Во етичка смисла, карактерот е моралната страна на личноста -  нејзините потрајни морални својства и чувства. Карактерот зборува за правилноста во однесувањето на некој човек.
        Според карактерот (карактеристиките), секоја личност се разликува од другата. Во етиката е создаден посебен пофален термин "карактер" за онаа личност која има цврсти етички начела, од која може да се очекуваат само позитивни морални постапки, и врз која може секогаш да се потпрат сите.

No comments:

Post a Comment