Еколошката етика укажува на тоа дека новопронајдените пластични маси не се разложуваат во природата. Економската алчност, лошото водење на општествата , конфликтите и непрестајните војни со своите уништувања придонесуваат кон големо, трајно загадување на животната средина. Светот почна да личи на голема депонија на валкани нешта, која е во...опасност секој миг да се запали и самата себе да се уништи или да се растури докрај.
Како поука за заканите пред човекот може да послужи тажната загуба на многубројните животински видови и растенија што самиот ги уништил и ги уништува. Тоа истовремено на луѓето им покажува какво зло има на патеката по која одат. Затоа станаа важни екологијата (како наука за условите на човековото живеење) и еколошката етика како поттик за одговорноста на луѓето спрема природата и спрема условите на своето живеење.
No comments:
Post a Comment