Sunday, July 15, 2012

ЕКОЛОШКА ЕТИКА I - дел

         ЕКОЛОШКА ЕТИКА - едно од најважните животни прашања на денешнава епоха се нагативните тенденции на загадувањето на човековата животна средина, односно претераното искористување, расипување и уништување на природните животни услови. Со тоа луѓето си го намалуваат квалитетот на животот и во далекусежна смисла го загрозуваат опстанокот на човечкиот род на Земјата. Затоа согледувањата на овој проблем и ангажирањето на човечките сили за подобрување на состојбата на животната средина, е едно од најзначајните прашања, заедно со современите биолошки, антрополошки, политички и етички прашања...
Еколошката етика се развиваше непосредно со деградирањето на човековата средина и на животните услови за другите живи суштества. Со опаѓањето на условите за живеење, се будеше и растеше свеста за значењето на добрите услови за вистински живот. На малата планета Земја се зголемува користењето на ресурсите и се исцрпуваат природните потенцијали, се троши многу енергија, се зголемува вкупната температура, се расипува климата и се јавуваат лоши климатски појави (луњи, топење мраз на половите, ефект на " стаклена градина" - загревање кое неможе да се излади др.), неумерено се трошат кислородот и слатката вода, се намалуваат шумските површини, се почести се сушите и се шират бесплодни краишта и пустини, се употребуваат средства (пестициди и др.) кои во долгорочна смисла се многу опасни. Има се повеќе загаденост и ѓубре - воздухот и водите веќе неможат да го прочистат фрленото. Се појавија и нови агенси на загадувањето - силни воени средства, биолошки, хемиски и нуклеарни оружја како трајна закана за човечкиот род и за природата...
         
        

No comments:

Post a Comment

Popular Posts