ХУМАНОСТ - човечност, стремеж за облагородување на човекот, на неговата состојба и етика. Сочувство со другите луѓе и работа врз нивно добро, сомилост, спонтана симпатија кон другите. Идеал кој во себе ги содржи сите вредни својства на човекот, според кои тој (како род и како индивидуа) се разликува од животните, иако тие својства не му се вродени, туку пред него се поставуваат како животни задачи - според степенот на остварувањето на тој идеал човекот се здобива со вредност и со достоинство во својата заедница.
ХУМАНО - човечки, достоинствено, морално, одговорно, етички добро, со загриженост за другите.
ХУМАНИСТ - човек кој се бори за доброто на луѓето, кој настојува да се унапредат животот и етичките односи во светот.

No comments:
Post a Comment