ПЕСИМИЗАМ (лат. pessimus - најлош) - разбирање на нештата од нивната лоша страна; негативна страна, наклонетост во секое нешто повеќе да се види злото отколку доброто, барање негативно и во најпозитивното. Песимизам е сомневање во поволниот конечен исход, дури и тогаш кога ситуацијата изгледа најповолна.
Учење дека овој свет е најлош можен свет, дека во светот има повеќе зло отколку добро, коешто дури и не е ништо друго туку моментално отсуство на злото, и дека тенденцијата на животот и историјата е назадување и зголемување на злото во однос на доброто, (спротивно е оптимизам).
ПЕСИМИСТ е човек кој стравува од животот и нема надеж во неговиот напредок.

No comments:
Post a Comment