Tuesday, May 15, 2012

ЗАСЛУГА

         ЗАСЛУГА - создавање нешто добро, морална вредност на човекот постигната со напор, односно преку совладување на пречките (особено внатрешните) поставени пред етичноста. Како морална категорија, заслугата укажува на дејствувањето и на последиците кои се над простото извршување на должноста.
         ЗАСЛУЖЕН - оној кој направил нешто добро и позитивно, кој вистински помагал да се реализираат некои задачи и да се решат некои проблеми.

No comments:

Post a Comment