АВТОРИТЕТ е латински збор што означува власт, углед, сила, значење, надмоќност и влијание со коишто се здобиваат некој човек или институција (закон, служба и сл.), остварувајќи доверба, почит и послушност кај луѓето, односно влијание врз нивното мислење, волја и постапување.
Дострел на оние кои имаат истакната улога во општеството и нивни углед, особено во моралната практика и врз воспитувањето на младите луѓе . Има различни авторитети - општествен, религиозен, морален, политички, културен, научен, педагошки...
"Авторитет" - личност која има големи и важни човечки и морални својства кои се допаѓаат (луѓето ја почитуваат, ја истакнуваат за пример, ја следат).

No comments:
Post a Comment