Monday, March 19, 2012

НОРМА И ПОСТАПКА

               НОРМА И ПОСТАПКА

         Нормата е етичка заповед. Тоа е етичка вредност во форма со која се кажува што да се направи, а што да не се прави. Исто така, нормата кажува и како бараните нешта треба да се прават или да се избегнуваат. Нормите се барања за дејствување, директен опис на она што е вредно и што се наложува да се прави, односно исказ за она што нема вредност и што се бара да не се прави.
         Постапувањето е човечко дејствување, она што човекот го прави, а се однесува на некое животно и етичко прашање, односно представува олицетворение на некоја вредност и извршување на некоја норма. Постапката се инспирира од етичките ставови на личноста или на групата. Тоа е делото како краен израз на етичките замисли, цели и наложувања. Моралот постои за луѓето да постапуваат праилно. Етиката не е празна дискусија за исправноста на дејствувањето и живеењето, туку вистинска животна потреба и реалност, секојдневно конкретно практично дејствување.
     

No comments:

Post a Comment