Без самостојност нема силна индивидуална волја. Ако поединецот е подложен на различни влијанија и неможе да завземе самостоен став, тогаш тој тешко донесува решение. Тој е колеблив, а ако решението го донесе несамостојно, тогаш обично не може да биде упорен во неговото спроведување. Меѓутоа, колку што се нужни самостојноста и решителноста, толку за силна волја е неопходна и подготвеноста да се прифати одговорноста за решението и за неговите последици.
Нашите цели и идни посакувани состојби се само можност, тие допрва со акција може да станат реалност. Ако се исклучи решителноста, па и да сме подготвени за ризик и за одговорност, нашите цели ќе останат само празна можност

No comments:
Post a Comment