Thursday, February 23, 2012

Области на моралот II-дел

                ОБЛАСТИ НА МОРАЛОТ    II-ДЕЛ                              3. Човековото однесување кон човештвото и неговите заедници - социјална етика, во која сите елементи на општествениот живот стануваат предмет на етичкото вреднување  и оценување, и од луѓето се бара да се ангажираат негово напредување. Овде најмногу внимание се обрнува на семејството.                           4.Односот на човекот кон самиот себе - се повеќе треба човекот-единка  да мисли на себе си и да се грижи за себе си, односно да има почит кон самиот себе си. За да ги почитуваме другите луѓе, мораме прво да се  почитуваме себе  си, бидејќи ако не се почитуваме самите, тогаш неможеме да ги почитуваме ни другите. Сократ рекол: Сознај се самиот себе си- што значи, да се почитуваме, треба да се набљудуваме самите себе и да ги согледуваме сопствените грешки, какви сме, што правиме и како постапуваме. Дали нашите постапки се исптавни или не, да оцениме каде требе да се корегираме и во иднина да внимаваме грешките не се повторуваат, постојано да се надоградуваме и усовршуваме, да го храниме нашиот дух правејќи добри дела и постојано учејки нови позитивни работи. За да биде во голема мера задоволена самопочитта, мораме да обрнуваме внимание и на нашето физичко здравје - здрава и умерена исхрана зачинета со спорт (мостот меѓу физичкото и духовното).

No comments:

Post a Comment