Wednesday, February 22, 2012

Етика- наука за животните вредности

                                                              ОДНОСОТ МЕЃУ МОРАЛОТ И ЕТИКАТА

            Во реалноста не се прави разлика меѓу етиката и моралот. Тие, сепак, можат да се разликуваат како практика и теорија. Етиката е теорија на моралот. Етиката го испитува моралот, неговите извори и засновања, цели и смисла, како и основните критериуми за морално вреднување и оценување на моралните намери на човековото постапување. Етиката е наука за која доброто дело е главна цел.
         
             Моралот е област која ја истражува етиката и во која се применуваат етичките идеи (сличен е одност меѓу уметноста и естетиката, меѓу стопанството и економијата и др.). Кога се испитуваат областите во животот во кои човекот дејствува морално, значи се спроведува критеримот на доброто - односно таму се испреплетуваат доброто дејствување и мислата за добрината.

No comments:

Post a Comment